Достапни линкови

Војската на Србија постави плоча на генерал кој го водеше нападот во Вуковар


Србија-Cпомен плоча на командантот на поранешната југословенска национална армија, Младен Братиќ, кој го командуваше нападот врз Вуковар.

Премиерот на Војводина, Игор Мировиќ, денеска во касарната во Нови Сад откри спомен плоча на командантот на поранешната југословенска национална армија, Младен Братиќ, кој го командуваше нападот врз Вуковар. Спомен-плочата беше поставена на церемонијата по повод Денот на Првата армиска бригада.

На ова реагираше хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања кое денеска испрати дипломатска нота до Амбасадата на Србија во Загреб, изразувајќи најострен протест.

Во протестна нота, Хрватска го осуди овој чин и го повтори своето очекување "Србија и нејзините институции да ја отфрлат политика на релативизација и на прославување на злосторствата“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG