Достапни линкови

Комшиќ го покани Макрон да ја посети БиХ


Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ,.

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, денеска изјави дека нема терористички напади во Босна и Херцеговина и го повика францускиот претседател Емануел Макрон да ја посети земјата и лично да види каква е состојбата.

Комшиќ го информираше францускиот амбасадор во БиХ Гијом Русон денесka за точните податоци што им се достапни на БиХ и на партнерите земји за бројот на луѓе од оваа земја кои биле или се уште се на странските фронтови.

Комшиќ, исто така, го информираше Русон за бројот на убиени граѓани на БиХ на странски фронтови, како и за бројот на оние што се гонети поради останување на тие фронтови.

Претседавачот со Претседателството на БиХ го повика францускиот амбасадор во посета по интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за британскиот Eкономист, каде тој наведе дека БиХ е „темпирана бомба во близина на Хрватска поради враќањето на војниците на Исламска држава од бојното поле“.

На состанокот со францускиот амбасадор, Комшиќ истакна дека БиХ успешно учествува во борбата против тероризмот и екстремизмот, и додаде дека земјите-партнери можат да сведочат за тоа.

XS
SM
MD
LG