Достапни линкови

Лавров се надева дека договорот со Иран може да се спаси


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази надеж дека нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран ќе биде спасен и покрај повлекувањето на Вашингтон од договорот.

Соединетите држави во мај минатата година се повлекоа од договорот и оттогаш ги воведоа санкциите кон Иран за да ја принудат земјата да се врати на масата за преговори. Вашингтон тврди дека условите не се доволно тешки за да ја спречат земјата да развие нуклеарно оружје.

Иран ги негира тврдењата на САД дека се обидува да развие балистички ракети способни за испорака на нуклеарно оружје и вели дека нуклеарната програма е за енергетски цели.

„И покрај одредени дејствија на Вашингтон кои се апсолутно неприфатливи, договорот не ја изгуби својата релевантност“, рече Лавров на Московската конференција за неелиминација на оружје.

XS
SM
MD
LG