Достапни линкови

Попмео од Германија предупреди на заканите од Кина и Русија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди на заканите од Кина и Русија по демократските слободи. Тој ги повика западните сојузници да ја бранат својата слобода.

Помпео кој е во посета на Германија, за одбележување на годишнината од падот на Берлинскиот ѕид говореше во близина каде некогаш постоеше ѕидот.

„Западните, слободни нации имаат одговорност да ги одвратат заканите кон нашиот народ кои доаѓаа од владите како Кина, Русија и Иран“, рече Помпео.

Помпео ја користи дводневната посета да ги зацврсти односите со европските сојузници кои се разнишани од серијата дипломатски и трговски судири со САД.

XS
SM
MD
LG