Достапни линкови

Јункер смета дека Трамп нема да воведе нови царини за европските автомобили


Претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер

Претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер смета дека претседателот на САД, Доналд Трамп нема да воведе нови тарифи за увоз на европски автомобили.

Тој вели дека Трамп малку ќе критикува, но дека ќе нема дополнителни царини за автомобилите. Јункер во интервју за Зидојче цајтунг вели дека потполно е запознаен со работите и дека Трамп тоа нема да го направи.

Администрацијата на Трамп веќе воведе царини за производи од челик и алуминиум и за земјоделски производи од Европската унија. А следната недела треба да донесе одлука дали ќе воведат нови тарифи за увезените автомобили од Европа и за резервни делови. Трамп во мај требаше да донесе одлука за царините, но ја одложи одлуката за половина година.

Доколку сепак воведе дополнителни царини тоа би ги погодило најмногу германските производители на автомобили.

XS
SM
MD
LG