Достапни линкови

Плик со куршум стигнал на адреса на Парламентот на БиХ


Зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево

Полициски извори за Радио Слободна Европа потврдуваат дека плик во кој имало куршум пристигнал во пријавницата на Парламентот на БиХ и Советот на министри на БиХ. Како адреса на примател бил наведен парламентот на БиХ, но не било прецизирано до кој точно требало да стигне писмото. Полициските службеници дополнително го испратиле пликот до Обвинителството на БиХ за да го расветли случајот и да го дознаат лицето кое го испратило.

Лука Миладиновиќ, портпарол на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина за Радио Слободна Европа изјави дека Агенцијата е вклучена во целиот случај.

Претходно некои медиуми од БиХ објавија дека плик со сомнително потекло пристигнал во зградата на Собранието на Босна и Херцеговина и истото имало куршум. Медиумите исто така објавија дека пратката наводно пристигнала од Србија.

XS
SM
MD
LG