Достапни линкови

Владата за речиси 3 милиони евра ќе купува објект за Мисијата при НАТО во Брисел


Македонија, НАТО, ЕУ

Владата ќе издвои 2.9 милиони евра за да купи и адаптира деловен простор во кој ќе биде сместено седиштето на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО, одлучила Владата на денешната 163 седница.

Се предвидува со тие пари да се купи имот од 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација.

Владата на денешната седница ја отвори и расправата за Предлог-буџетот за 2020 година, но тој ќе биде утврден следната недела.

XS
SM
MD
LG