Достапни линкови

Трајановски - Градската куќа ја продадоа оти не ги собира партиските вработени


Петре Шилегов, сегашен градоначалник на Град Скопје и Коце Трајановски, поранешен градоначалник.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски денеска на прес-конференција рече дека Градската куќа, која градот ја продаде, се продала заради зголемување на градската администрација
Сегашниот градоначалник Петре Шилегов ја продаде новата градска куќа за 12.7 милиони евра, оти тој објект не ја собирал целата градска администрација.

Според Трајановски Градската куќа не ги собира партиските вработувања на СДСМ досега зголемени за околу 30 отсто и затоа се бара нова поголема зграда.

Тој вели дека Шилегов на крајот на септември рекол дека ќе собере само 360 вработени, а според проектот таа е предвидена за 620 вработени или за 50 проценти повеќе од бројот на вработени во октомври 2017 година.

Трајановски вели дека според чаршиски муабети ново место за градска куќа ќе биде зградата на ЕВН до Порта Македонија или зградата на „Технометал Вардар“, првата немапаркинг места, а другата има само 90 паркинг места. Тој го праша Шилегов дали тоа е точно? А сега веќе продадената Градска куќа има подземен паркинг на 3 нивоа наменет за вработените, за службените возила и за гостите, вели Трајановски.

EВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кога објави дека ќе ја продава, рече дека објектот е граден како мртвороденче, за кое се знаело дека нема да ја собере целата администрација на Град Скопје.

XS
SM
MD
LG