Достапни линкови

Автобусот на Дурмо турс имал манипулатор за брзина


Автобус на Дурмо-турс излета на патот Скопје - Тетово кај Карпалак

Во автобусот на Дурмо турс имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента, изјави на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци еден од возачите, што на денот на несреќата со истиот автобус на Дурмо турс возел на релацијата од Гостивар до Скопје.

Тој кажа дека биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација. Тој вели дека не знае кој го вградил таквиот уред, но дека тој не го користел тоа.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

XS
SM
MD
LG