Достапни линкови

Средба Палмер-Пендаровски: Импулс за зајакнување на статешкото партнерство


Стево Пендаровски и Метју Палмер во Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

„Претседателот Пендаровски истакна дека одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи следната година, како и очекуваното скорешно зачленување на Северна Македонија во НАТО алијансата, ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете пријателски држави“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на американскиот Сенат и изразил уверување дека ќе продолжи безрезервната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Северна Македонија. Во таа насока, Пендаровски истакнал дека за земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи, освен членство во Европската Унија.

XS
SM
MD
LG