Достапни линкови

Пендаровски предлага самит на земјите од Западен Балкан за евроинтеграциите


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски предлага земјите од Западен Балкан да одржат вонреден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

Пендаровски ова го предложи на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Тирана. Тој порача дека земјите од регионот треба да продолжат по европскиот пат зашто друга алтернатива нема.

Пендаровски го информирал Мета за лидерската средба во Скопје и за државниот консензус да се продолжи по европскиот пат и да се организираат предвремени парламентрани избори.

XS
SM
MD
LG