Достапни линкови

Пендаровски во посета на Албанија


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија каде е предвидено да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

Инаку вчера Пендаровски, беше во Охрид каде се сретна со дел од учесниците на конференцијата „Охридски дијалог“, меѓу кои и со високи претставници на НАТО

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, искажал задоволство од брзата ратификација на пристапниот протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО и посочил дека протоколот за членство на земјата во НАТО во своите парламенти преостанува да го ратификуваат уште три земји - Франција, Холандија и Шпанија.

XS
SM
MD
LG