Достапни линкови

Полицијата го бара Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, на неколку можни локации


Министерството за внатрешни работи се уште трага по затвореникот Игор Спасов за кој денеска попладне добиле наредба од Судот во Штип да го бара, откако на Спасов му изминал рокот за оправдан прекин на издржување на затворска казна поради здравствени проблеми.

Рокот му истекол минатиот петок, а наредбата до МВР од Судот пристигнала денеска, велат од МВР. Оттаму додаваат дека по него се трага на неколку можни локации.

Спасов е осуден на 14 години казна затвор за убиството на Мартин Нешковски, што се случи на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори во 2011 година.

Дел од медиумите јавуваат дека ова не е првпат Спасов да добие затворски отпуст од здравствени причини. Претходно минатата година го прекинал издржувањето на затворската казна поради операција, по што потоа повторно добил одложување поради терапија.

XS
SM
MD
LG