Достапни линкови

За ВМРО-ДПМНЕ можна е и предизборна коалиција


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека контактираат со партиите од албанскиот опозициски блок и, како што вели, не гледа пречка за предизборно коалицирање, но и за можност самостојно да се оди на избори, па потоа да се прават преговори за коалицирање. Мицкоски не беше дециден за тоа дали би коалицирале со ДУИ, но вели дека и со оваа партија комуницираат.

Мицкоски на прес-конференцијата посветена на економските политики на владата, рече дека властите не прават реформи, нема странски вложувања и капитални инвестиции. Тој најави дека нова влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе донесе економски бум и тоа ќе било почувствувано во првите 100 дена од нејзиното формирање.

XS
SM
MD
LG