Достапни линкови

Просветарите најавуваат генерален штрајк на 11 ноември


Претседателот на СОНК Јаким Неделков

Од 11 ноември просветните работници ќе стапат во генерален штрајк, било одлучена на денешната седница на СОНК. Од Синдикатот соопштија дека не го прифаќаат понуденото покачување на платите од 10 отсто. Во меѓувреме нудат две недели простор за помирување.

Просветните работници бараат повисоки плати за повеќе од 10 отсто и тоа од јануари, а не од април како што беше најавено.

Власта им понуди на СОНК зголемување пред две недели, за што потоа требаше да размислува членството.

XS
SM
MD
LG