Достапни линкови

Курдите го поздравија германскиот план за меѓународни сили во Сирија


Архива: Шефот на Сириските демократски сили Мазлум Абди.

Највисокиот командант на курдските сили во Сирија денеска го поздрави германскиот предлог за меѓународни сили да ја воспоставуваат безбедносната зона на северот на земјата.

„Ние го бараме и се согласуваме со тоа“, изјави Мазлум Абди – шеф на Сириските демократски сили – де факто армија на автономниот курдски регион.

Германската министерка за одбрана Анагрет Крамп-Каренбауер изјави дека ќе го подигне планот со нејзините колеги на тековниот состанок на НАТО во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека за германскиот предлог ќе биде потребно да се имплементира одобрение од ОН и затоа „треба подетално да се разговара пред да се донесе било каква одлука.“

XS
SM
MD
LG