Достапни линкови

Несогласувањата за турската офанзива тема на состанокот на НАТО


генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел одржуваат дводневни разговори. Офанзивата на Турција, која е членка на НАТО, во североисточна Сирија најверојатно ќе биде во фокусот на разговорите. Офанзивата наиде на остра осуда од многу сојузници, а и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред состанокот во Брисел рече дека постојат разлики кога станува збор за ситуацијата во северна Сирија меѓу сојузниците на НАТО. Столтенберг вели дека најдобар начин да се надминат несогласувањата е да се седне на маса и да се обидат да најдат начин.

Тој го поздравува тоа што значителното се намалени насилството и борбите, по минатонеделниот договор меѓу Турција и САД, но напомена дека е уште рано да се утврдат последиците од договорот меѓу Москва и Анкара.

Претходнo Москва и Анкара се согласија курдските сили да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа. А потоа Турција и Русија ќе почнат да организираат заеднички патроли. По договорот американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги укинуваат санкциите наметнати на Турција поради нејзините операции против сириските курдски борци.

Пред разговорите во Брисел, Столтенберг рече дека неодамнешните случувања во Сирија ја потенцираат итната потреба за политичко решение.

Министрите на НАТО, исто така, треба да разговараат за обврските на Aлијансата во Авганистан и Украина и прилагодувањето кон хибридните закани. Овие разговори се основа за самитот на лидерите на НАТО во Лондон во декември.

И министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состанокот во Брисел.

XS
SM
MD
LG