Достапни линкови

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за случајот „Триста“


Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, повторно доби деветгодишна казна затвор, откако Основниот суд Скопје 1 во повторена постапка го осуди за случајот Триста.

Тој е осуден на деветгодишна казна затвор во која ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор, рече судијката Добрила Кацарска. Поповски во рок од 15 дена во буџетот на МВР ќе треба да врати речиси половина милион евра.

Според обвинителниот акт на поранешното СЈО, обвинетиот помошник министер Поповски ја злоупотребил службената должност при набавка на триста патнички возила за МВР, при што им овозможил на неколку фирми да го добијат тендерот иако немале најповолни понуди со што го оштетил буџетот за речиси половина милион евра. Одбраната посочи дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Ова е повторена постапка, откако судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди на 9 години казна завор Поповски, а во декември Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и го врати случајот од почеток. Ова е втор предмет за кој Поповски е осуден на казна затвор. За случајот Тенк, за набавката на мерцедесот Поповски доби 4,5 години затвор.

XS
SM
MD
LG