Достапни линкови

Хан - Лидерите на ЕУ не успеаја да ги оживеат нивните ветувања за датум за преговори


Еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил напиша дека лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со Северна Македонија и до Албанија.

„Ова е екстремно разочарувачки“, напиша Хан. Тој пишува дека сега ЕУ треба да разјасни колку сериозна е нивната заложба за интеграцијата на Западен Балкан.

Им благодарам на сите кои минатата ноќ ја ставија целата своја тежина на постигнување одлука од големо стратегиско значење за ЕУ и праќање сигнал а надеж за граѓаните на Западен Балкан“, напиша Хан.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, исто така на Твитер напиша дека „најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде директна со нас“.

„Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат“, пишува Димитров.

Се очекува обраќање на претседателот Стево Пендаровски, прес конференција најави и опозициската партија. Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат и анализираат сите опции, велат од Владата за МИА.

XS
SM
MD
LG