Достапни линкови

Уште петмина бугарски навивачи приведени за расистичките злоупотреби


Уште петмина бугарски фудбалски навивачи се приведени за расистичките извици на натпреварот за квалификациите за Еуро 2020 против Англија, објави денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Расистичките извици и нацистички поздрави предизвика низа реакции, а оставка си даде и шефот на бугарската фудбалска репрезентација.

Полицијата досега идентификуваше 16 лица осомничени дека биле вклучени во расистичката злоупотреба, соопшти министерот за внатрешни работи. А уште по пет луѓе се трага.

XS
SM
MD
LG