Достапни линкови

Илјадници Каталонци на нов протест во Барселона


Барселона

Десетици илјади Каталонци протестираа синоќа во Барселона, трет ден по ред, и се судирија со полицијата, изразувајќи протест поради долгите затворски казни на кои Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти. Во досегашните протести биле повредени околу 200 луѓе. Директорот на каталонската полиција Пере Ферер изјави дека се очекувале нови судири со радикалните сепаратисти во наредните денови. Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез изјави дека владата на насилството ќе одговори „цврсто и смирено“.

XS
SM
MD
LG