Достапни линкови

Макрон: Прерано е за преговори со Северна Македонија


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз.


"Прерано е за започнување на преговорите со Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ", изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз. Тој ,исто така, прифати дека двете земји направила значителен напредок во однос на домашните реформи.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато морам да им кажам дека:"Овој пат ние сме тие на кои им треба малку повеќе време за да ги средиме работите", изјави Макрон по состанокот на двете влади во Тулуз.

XS
SM
MD
LG