Достапни линкови

Пенс, Помпео и О’Брајан во Турција


Потпретседателот на САД Мајк Пенс


Американскиот претседател Доналд Трамп ги испрати својот потпретседател, врвен дипломат и советник за национална безбедност во Анкара за да побараат прекин на огнот во североисточна Сирија, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема „никогаш“ да нареди примирје.

Потпретседателот Мајк Пенс претходниот ден рече дека ќе се состане со Ердоган на 17 октомври и „ќе ја изрази посветеноста на Соединетите држави да се постигне итен прекин на огнот и услови за преговарање“, се вели во неговата изјава. Тој ќе биде придружуван од државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан.

XS
SM
MD
LG