Достапни линкови

Босанската полиција ги премести мигрантите во контровезниот камп


Мигрантите од градот Бихаќ се преместени во мигрантскиот камп Вучјак.

Полицијата во северозападна Босна и Херцеговина премести стотици мигранти кои живеат во напуштени згради и на јавни места во привремен бегалски камп, бидејќи властите предупредуваа на претстојната хуманитарна криза со приближувањето на зимата.

На видео, објавено денеска од медиумите, се гледа како полицијата мигрантите ги преместува пеш во долга колона од градот Бихаќ кон мигрантскиот камп во Вучјак, на околу 10 километри од хрватската граница.

Локалните власти се соочија со критики за условите во кампот Вучјак, кој се наоѓа на поранешна депонија и во близина на област зафатена со нагазни мини од босанската војна во периодот 1992-95 година.

Сухрет Фазлиќ, градоначалникот на Бихаќ, предупреди дека неговиот град веќе не може да се справи со илјадниците мигранти кои престојуваат во кампот, додавајќи дека градот од понеделник ќе ги прекине услугите за кампот.

XS
SM
MD
LG