Достапни линкови

Османи -Варвициотис: Европската перспектива создава пријатели во регионот


Вицепремиерот Бујар Османи

"Одлуката утре може да ја задржи вратата отворена и таа перспектива да остане отворена",порача денеска од Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по средбата со грчкиот алтернативниот министер за надворешни работи Милитиадис Варвициотис.

Тој изрази надеж дека земјите-членки и Франција ќе ја сфатат важноста на претстојниот Самит на Европската унија, дека тој не е обичен самит, туку ја има тежината на Солунскиот од 2003 година кога е отворена перспективата на регионот кон Унијата.

За денешната средба со Варвициотис, нагласи дека симболично значи грчка поддршка за нашата евроинтеграција.

"Праќаме порака до ЕУ дека европската перспектива доведе до можност да се создадат нови пријатели во регионот" рече Османи и додаде дека на средбата разговарале за потребата од забрзување на импелентацијата на Преспанскиот договор, но и за вчерашниот министерски состанок во Луксембург.

XS
SM
MD
LG