Достапни линкови

Братот на иранскиот претседател започна со издржување на затворската казна


Хосеин Ферејодун

Братот на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хосеин Ферејодун, почна со издржување на петгодишната казна затвор за корупција. Тој тврди дека неговиот случај се засновал на „нелегално“ прислушување.

Ферејодун беше осуден пред 15 дена. Тој му беше висок советник на Рохани, а беше уапсен во 2017 година и брзо беше ослободен со кауција. Судските власти соопштија тогаш дека тој епредмет на повеќе истраги.

Ферејодун и неговиот брат немаат исто презиме, оти Рохани си го сменил пред неколку децении.

XS
SM
MD
LG