Достапни линкови

Ердоган ги отфрла повиците за прекин на огнот во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека „никогаш нема“ да нареди примирје во североисточна Сирија и покрај тоа што американските дипломати се испратени во Турција да бараат примирје во Сирија.

Американскиот потпретседателот Мајк Пенс изјави дека утре ќе се сретне со Ердоган и ќе го пренесе ставот на САД да се постигне прекин на огнотво Сирија. Пенс во Турција ќе го придружуваат државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан.

Но и покрај тоа денеска Ердоган ги отфрла повиците за прекин на огнот. Тој пред Парламентот рече дека има лидери кои се обидуваат да посредуваат ...Но дека никогаш во турската историја не се случило власта да седи на иста маса со терористичка организација. Ердоган предлага сите терористи да го положат оружјето.

XS
SM
MD
LG