Достапни линкови

И Британија го ратификуваше протоколот за НАТО


И Британија денеска го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО. Според британските закони, протоколот го потпиша британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. Тој на својот Твитер профил објави дека ставил потпис на протоколот и дека со нетрпение очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност.

Британија е 24 земја членка на НАТО што го ратификуваше протоколот. Претходно денеска тоа го стори и Италијанскиот Парламент.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил се заблагодари за ратификацијата на протоколот.Остануваат уште пет земји да го ратификуваат протоколот, за да може Македонија да стане земја членка на НАТО.

Се чека на потписот на Шпанија, Франција, Холандија Исланд и САД.

XS
SM
MD
LG