Достапни линкови

Здравствените проблеми на косовската изборна комисија не се од заразни болести


Здравствените проблеми кај членовите на косовската изборна комисија кои отвораа избирачки кутии со гласови од Србија, не се предизвикани од заразни болести, тврдат специјалисти за заразни болести.

Повеќе од 20 членови на Централната изборна комисија завршија во болница со здравствени проблеми, откако отворија пет гласачки кутии од Србија.

Локалните медиуми објавија дека членовите имале алергиски реакции и проблеми со кожата по отворањето на гласачките кутии. Лекарите од Ургентниот центар соопштија дека сите имаат симптоми на чешање и осип.

Резултатите од тестовите земени од 12 членови на Комисијата, кои побарале лекарска помош покажале дека иритациите не биле предизвикани од заразни болести, изјави Линдита Бериша, директорка на Инфективната клиника на Косово.

Сега се очекуваат резултатите од другите испитувања. Причината ја испитуваат специјалисти за судска медицина.

Сите пациенти се чувствуваат добро и се очекува да излезат од болница.

XS
SM
MD
LG