Достапни линкови

Пронајден затвореникот кој и побегна на полицијата


Затвор Идризово

Полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на полицајците кои го транспортирале на преглед, потврди МВР. Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково. Затвореникот успеал да побегне од задната врата на возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи.

Директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА изјави дека полицајците ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и бидејќи најверојатно му купувале и нему сендвич.

XS
SM
MD
LG