Достапни линкови

Британската кралица: Брегзит на 31 октомври и нов договор со ЕУ


Британската кралица Елизабета

Британската кралица Елизабета ја претстави во парламентот агендата на владата на премиерот Борис Џонсон, која вклучува излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, нов договор со Унијата и тактики за победа на гласачите на предвремени избори.

Со оглед на суштинските разговори за Брегзит во текот на неделата и можните предвремени избори во блиска иднина, опозицијата го обвини премиерот Борис Џонсон за злоупотреба на политички неутралната кралица за презентирање на неговата изборна агенда.

Кралицата Елизабета зборуваше за дваесеттина законски предлози, вклучително и за спроведувањето на договорот за Брегзит, доколку Џонсон успее да го постигне тоа со ЕУ неделава.

„Приоритет на мојата влада отсекогаш билo да се обезбеди излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври. Владата има намера да работи кон ново партнерство со ЕУ, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка“, рече кралицата во својот говор.

Планот на владата, исто така, предвидува и имиграционен систем после излегувањето на Велика Британија од ЕУ, реформа на судството, промена во системот на здравствено осигурување и ветување дека ќе се издвојува повеќе од буџетот за стимулирање на растот.

„Луѓето се уморни од блокади и чекаат нешто да се смени. И нема веќе да чекаат да завршиме со Брегзит“, напиша Џонсон во изјавата која беше проследена со говорот на кралицата.

Но, политичката иднина на Борис Џонсон како и неговата способност да ја постигне планираната агенда, е прилично неизвесна. Тој ја предводи малцинската влада и откако стана премиер во јули, не успеа да освои мнозинство за кој било од неговите законски предлози.Сите партии сакаат предвремени парламентарни избори, но не се согласуваат кога треба тие да се одржат. За говорот на кралицата ќе се расправа и гласа во парламентот во наредните денови. Иако тоа не е официјално гласање за доверба во владата, може да се искористи за дополнително дестабилизирање на позицијата на Џонсон.

XS
SM
MD
LG