Достапни линкови

ЕУ ја осуди турската офанзива во Сирија, но не воведе ембарго за оружје


Европската унија денеска официјално ја осуди турската офанзива во Сирија.

„ЕУ ја осудува воената акција на Турција што сериозно ги поткопува стабилноста и безбедноста на целиот регион“, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на ЕУ. Тие денеска одржуваат состанок во Луксембург.

Сепак, ЕУ не воведе ембарго за вооружување на Турција. Засега Франција и Германија забранија продажба на оружје на Анкара.

Турција пред една недела почна операција против Курдите во Сирија, откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да ги повлече силите од северот на Сирија.

XS
SM
MD
LG