Достапни линкови

Финското претседателство со нов обид за отворање преговори со Северна Македонија


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Финското претседателство со ЕУ ќе предложи отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, а во меѓувреме да се усвои нова методологија за преговори, на која инсистира Франција, се дознава од владини извори. Меѓувладината конференција, како што наведуваат владините извори, би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 годинa“. Во новата методологија која ќе се однесува за сите земји кандидати за ЕУ, според нив, се предвидува реверзибилен процес, односно доколку земјата назадува во преговорите повторно да се врати на поглавјето во кое не е забележан очекуваниот напредок.

За предлогот на финското претседателство вечерва треба да расправаат амбасадорите на ЕУ на таканаречениот корепер состанок, но не се знае дали предлогот ќе биде прифатен пред се од Франција, која всушност бара најпрвин да се донесе новата методологија за процесот на проширување, а потоа да се додели датум за преговори за Северна Македонија и Албанија.

Во обид да ги задоволи француските барања, Финска најави дека во предлог заклучокот како земја која претседава со ЕУ ќе побара и промена на пристапот во процесот на проширување, кој наверојатно ќе добие формална рамка следната пролет. За Албанија, која исто така очекува отворање на преговорите има сличен предлог, но со три забелешки кои земјата најпрвин ќе треба да ги исполни до почетокот на преговорите со ЕУ.


XS
SM
MD
LG