Достапни линкови

Макрон предупредува на можно заживување на ИД по турските напади во Сирија


Илустрација, американскиот и францускиот претседател на ручек во француски хотел

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно повика на запирање на воената офанзива на Турција во Сирија предупредувајќи дека тоа може да доведе до возобновување на активностите на Исламската држава. Од кабинетот на Макрон денеска соопштија дека оваа тема тојтелефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Според соопштението од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре, но не е наведено дали Макрон ги повикал американските сили да интервенираат. Макрон ја истакнал потребата да се запре „секое заживување на Исламската држава во регионот“ и да се поддржат курдските сили, кои помогнаа воената коалиција предводена од САД да ја преземат територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава.

XS
SM
MD
LG