Достапни линкови

Бомба во џамија во која имало гласачко место во Авганистан


Полицијата претресува гласач

Болница во Кандахар соопшти дека денеска биле примени 15 повредени во бомбашки напад во џамија, во која се наоѓа едно гласачко место. Меѓу повредените има полицаец, неколкумина членови на избирачкиот одбор и Авганистанци кои дошле да гласаат на претседателските избори. Тројца од повредените се во критична состојба.

Талибанците неколку пати се закануваа дека ќе ги попречат изборите на кои фаворит е актуелниот претседател Ашраф Гани и неговиот партнер во владата на народно единство Абдула Абдула.

XS
SM
MD
LG