Достапни линкови

Македонскиот државен врв се заблагодари за одлуката на Бундестагот


германскиот Буднестаг

Државниот врв преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на германскиот Буднестаг кој вчера гласаше за отворање на преговорите на нашата држава со Европската унија. „Данке Дојчланд. Со големо мнозинство гласови „за“ пратениците во германскиот Бундестаг дадоа зелено светло за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ“, напиша Пендаровски на својот Твитер профил. Премиерот Зоран Заев, кој е во Њујорк на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, на својот Фејсбук профил заблагодарувајќи му се на Бундестагот оцени дека ова е голем поттик. „Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел“, напиша Заев на Фејсбук. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој во Берлин ја слушна одлуката од Бундестагот, и се заблагодари на Германија, а министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер напиша дека Бундестагот покажал лидерство.

XS
SM
MD
LG