Достапни линкови

Дефект во „Арчелор Митал“ е причината за загадувањето на Вардар


Илустрација

Дефект на постројките на „Арчелор Митал“ се причина за загадувањето на Вардар во неделата, известија од Државниот инспекторат за животна средина. Според соопштението до јавноста, вчера Државниот инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор над три стопански субјекта што се сместени во некогашната Железарница – „Макстил“, „ЕСМ-Подружница енергетика“ и „Арчелор Митал“.

Вчера попладне „Арчелор Митал“, фирма неодамна превземена од „Либерти Хаус Груп“, писмено го известила Државниот Инспекторат дека еколошкиот инцидент-излевањето на отпадна индустриска вода во Вардар на 22 септември, кое предизвикало помор на риба, бил предизвикан од нивна страна. Причината била пукната када од која се излеало поголемо количество отпадна вода која содржела железо и киселина, без соодветно да биде третирана во системот за отпадна вода.

Испекторатот најави дека во овој случај ќе постапи согласно законските одредби и дека за тоа јавноста ќе биде навреме известена. Според важечките закони од областа на заштитата на животната средина на прекршителите им се закануваат казни и до 100 илјади евра за правниот субјект, како и до 30 илјади евра за раководното лице.

XS
SM
MD
LG