Достапни линкови

Иванов - Антикорупциска лаже, закупнината на просторот не е 4500 евра


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов преку писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, на која беше побарано да се раскине договорот за канцеларите на Иванов во „Џевахир сити“. Поранешниот претседател Иванов вели дека претседателката на Антикорупциската комисија, како што вели, изнела невистини и свесно се обидела да манипулира со јавноста, како и во неколку претходни наврати. Тој пишува дека договорот е склучен согласно закон, а приложува и документи во кои стои дека закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра.

Иванов вели дека ова се обиди да му се наштети на угледот.

Претходно на прес -конференција претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска рече дека ќе побараат од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во комплексот „Џевахир сити“ и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Таа рече дека „сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице“. Месечно, според Ивановска, за сите трошоци се плаќаат околу 4.500 евра, без платите на вработените.

XS
SM
MD
LG