Достапни линкови

Антикорупциска: Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов во „Џевахир сити“


Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов

Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во комплексот „Џевахир сити“ и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека „сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице“. Месечно, според Ивановска, за сите трошоци се плаќаат околу 4.500 евра, без платите на вработените.

Ивановска рече дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.

Според пресметките на Антикорупциска, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени еден милион деведесет илјади и 580 евра.

XS
SM
MD
LG