Достапни линкови

Судењето за „Талир“ одложено по десетти пат


Судењето за предметот „Талир“ на СЈО, односно случајот за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во кое, според обвинението, биле испрани околу 5 милиони евра, и за кое СЈО тврди дека има уплатници, документи и други материјални докази, денеска беше одложено по десетти пат. Денешното одложување е поради притворената специјална обвинителка Катица Јанева, која е потписник и на обвинението за „Талир“.

По барањето на одбраната за одлагање, судијата ја ислуша и обвинителката Ленче Ристоска, која во случајот е застапничка на Јанева, го одложи судењето за 3 октомври.

Обвинението во “Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против шест физички лица и едно правно лице - Никола Груевски за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и за Перење пари и други приноси од казниво дело.

XS
SM
MD
LG