Достапни линкови

Шумски пожар на Скопска Црна Гора


Пожар на Скопска Црна Гора.

Шумски пожар избувна во близина на скопското село Виниче на Скопска Црна Гора, по што на терен се упатени три противпожарни возила со девет пожарникари, потврдуваат од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Оттаму наведуваат дека пожарот е на непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го стават под контрола на помош ќе биде повикана Армијата.

Вчера пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје гаснеа шумски пожар во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума.

Исто така денеска три противпожарни возила и десетина пожарникари од кумановската противпожарна единица повеќе од два часа интервенираа на пожар во кумановско Проевце.

Во 15 часот пријавена била запалена сува трева и деградирани растенија во територијалната противпожарна единица.

Командантот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски изјави дека пожарот е ставен под контрола и е локализиран, а оти останала уште една екипа во горниот дел од зафатената површина.

XS
SM
MD
LG