Достапни линкови

Четворица кандидати за шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија


Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)

Четворица кандидати од Аргентина, Буркина Фасо, Романија и Словачка се надеваат дека ќе ја наследат Јукија Амано како генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА). По крајниот рок за номинација на 5 септември, во можните наследници на позицијата во Виена е вклучен и ромаснскиот дипломат Корнел Ферута кој во моментов е в.д. директор на институцијата.

Меѓу останатите кандидати се аргентинскиот амбасадор на ИАЕА Рафаел Маријано Гроси, извршниот секретар на сеопфатната организација за договори за забрана за нуклеарни тестови Ласана Зербо од Буркина Фасо и Марта Зијакова – шеф на словачкото нуклеарно регулаторно тело.

На победничкиот кандидат ќе му треба поддршка од 24 земји од вкупно 35 нации претставни во управниот одбор на ИАЕА.

XS
SM
MD
LG