Достапни линкови

За утре најавени низа протести во Солун


Архива - Протести во Грција.

За утре се најавени низа протести во Солун меѓу кои и против Договорот од Преспа за вереме на обраќањето на грчкиот премиер Мицотакис на отворањето на 84. издание на Меѓународниот саем во Солун, кој ќе биде одржан под силни безбедносни мерки, јавува МИА.

Мицотакис со традиционалниот говор на отворањето ќе ги открие следните чекори и активности на неговата влада, а паралелно исто така традиционлано ќе се одржат и протести. Оваа година со сега закажани се најмалку шест собири, меѓу кои заедничкиот протест на двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, Синдикатот на Комунистичката партија, а свои собири закажаа левичарски здруженија, партии и организации и анархистички групи. Одделен протест преку социјалните мрежи организираат лица кои се против Договорот од Преспа.

За безбедноста ангажирани се 3000 полициајци, а исто така ангажирани се специјални единици кои од Атина пристигнаа во Солун.

На Меѓународниот саем што ќе се одржи од 7 до 15 септември под мотото „Претприемништво, иновации и екстровертност“, ќе учествуваат 1600 изложувачи. Претставници ќе има од 18 земји, а Индија е почесна земја.

XS
SM
MD
LG