Достапни линкови

Хакирана партијата на Курц, сомнежи за руски или турски упад


Себастијан Курц

Австриската Народна партија (ОВП) на Себастијан Курц објави дека била „хакирана“ и дека им се украдени 1.300 гигабајти податоци, објавија светските новински агенции.

„Целта беше да се влијае и да се манипулира со изборите“, вели Курц во изјавата за виенскиот весник „Естерајх“. Хакерскиот напад се случува на три и пол недели пред предвремените парламентарни избори во Австрија.

Неофицијално, во ОВП се сомневаат дека зад нападите стојат руски разузнавачки кругови, но и поддржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои и порано вршеле сајбер-напади врз ОВП.

Курц рече дека не сака официјално да зборува за тоа кој може да стои зад нападот и дека за тоа ангажирал експерти, кои дошле до првите информации.

XS
SM
MD
LG