Достапни линкови

Убиена жена во Гостивар, двајца повредени


Македонска полиција, МВР.

Жена утрово е убиена во Гостивар, а две лица се повредени и пренесени на скопските клиники, откако им биле нанесени повреди со остар предмет по што едно лице е приведено за сомнение за вмешаност во случајот, велат од СВР Тетово.

Во 3:55 часот утрово било пријавено во СВР Тетово дека има повредени лица на улица „Илинденска“ во Гостивар и биле испратени полициски службеници кои констатирале дека повредена е 78-годишната С.Т. и сопружниците С.Р и Б.Р. Тие биле пренесени во болница каде највозрасната им подлегнала на повредите, а другите двајца биле пренесени на скопските клиники, велат од полицијата.

Некаде околу 6 часот утрово бил приведен 46-годишне гостиварец поради сомнение за вмешаност во случајот. Се уште не се познати мотивите за настанот.

XS
SM
MD
LG