Достапни линкови

Либан го обвинува Израел за агресија


Либанската армија соопшти дека две израелски беспилотни летала го погодиле упориштето на Хезболах во јужниот дел на Бејрут. Од Хезболах, велат дека еден од авионите го оштетил нивниот центар за медиуми. Хезболах е шиитско движење поддржувано од Иран.

Двете беспилотни летала го нарушиле либанскиот воздушен простор рано утрината, се вели во соопштението на Либанската армија. Во него се вели дека едното с летало паднало, а другото експлодирало во воздух.

Премиерот на Либан Саад Харири вели дека станува збор за „безобразен напад врз суверенитетот на Либан“ и рече дека оваа „нова агресија“ претставува закана за регионалната стабилност.

Портпаролот на Хезболах, Мохамед Афиф, рече дека еден од двата дрона носел експлозив и експлодирал предизвикувајќи огромна штета на центарот за медиуми.

Израелските власти не коментираат за инцидентот, кој се случи неколку часа откако Израел соопшти дека погодил иранските сили во Сирија за да спречи напад, користејќи беспилотни летала.

Командантот на Исламската револуционерна гарда Мохсен Разаи негираше дека биле погодени ирански цели, објави полуофицијалната новинска агенција ИЛНА.

Израел изврши стотици воздушни напади во Сирија против, како што ги опишува, иранските цели и оние на сојузничките милиции, вклучувајќи го и Хезболах.

Иран, заедно со Русија, му даде на сирискиот претседател Башар ал Асад одлучувачки поддршка во текот на граѓанската војна на неговата земја.

XS
SM
MD
LG