Достапни линкови

Новиот грчки министер се жали на илјадници нерешени барања за азил


Илустрација

Новиот министер за цивилна заштита и миграциска политика Јоргос Кумуцакоц вели дека како Влада наследиле65.219 неразгледани барања за азил, а бројот секојдевно дополнително расте. Тој вели дека Сириза оставила во наследство проблематична ситуација на островите и во земјата во управувањето со бегалското/мигрантското прашање, острови преплавени од 18.804 лица, наместо предвидениот капацитет од 6.338.

Од друга страна пак во одговорот од кабинетот на Кумуцакос за изјавата на надлежниот за миграциска политика во СИРИЗА, Јоргос Психојос, како реакција за ставот на алтернативниот министер на Грција кој истакна дека зад зголемениот бран бегалци и мигранти стојат геополитички причини.

„Ако добро паметам, Нова демократија, наместо да го брани управувањето со бегалското прашање од поранешната влада врз основа на меѓународниот легитимитет и солидарност, меѓународно ја обвинуваше СИРИЗА дека наводно „ги отвори портите“, вели Психојос од СИРИЗА во неговата реакција за изјавата на Кумуцакос.

XS
SM
MD
LG