Достапни линкови

Амбасада на САД:Секој што ја злоупотребил довербата на јавноста да одговара


Кејт Мери Бирнс, амбасадорка на САД во Скопје, илустрација

„Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да одговара“, се вели во коментарот како одговор на американската амбасада во Скопје на прашањата на „360 степени“. Американската амбасада целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти, по притворот кој и беше одреден на специјалната обвинителката Катица Јанева како дел од истрагата за предметот Рекет. За САД важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.

„Ова е причината зошто е решавачки да се донесе закон за Јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на трајни институции засновани на владеење на правото. Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа“, стои во одговорот на амбасадата за „360 степени“.

XS
SM
MD
LG