Достапни линкови

Договорена уште една коалиција пред изборите во Косово


Партиите на вицепремиерите на Владата во оставка на Косово, Фатмир Лимај – Социјалдемократска иницијативе (Нисма) и Беџет Пацоли – Алијанса ново Косово (АКР) се договорија денеска за заеднички настап на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат оваа есен, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференцијата што ја одржаа по тој повод, лидерите на двете досега владејачки партии соопштија дека се договориле оти заеднички кандидат за иден премиер на Косово ќе биде Лимај. Двете партии, како што беше речено, се убедени дека оваа коалиција ќе биде клучна за формирање на идната косовска Влада.

Коалицијата на Нисма и АКР е втора по ред откако, во понеделникот, на 19 август, договор за заеднички настап на наредните избори, потпишаа Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот во оставка Рамуш Харадинај и Социјалдемократската партија (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети.

XS
SM
MD
LG