Достапни линкови

Советот на обвинители го доби извештајот за „Рекет“, следува разрешување на Јанева


Случајот „Рекет“ го води обвинителката Вилма Русковска

Советот на јавни обвинители го доби извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет“, меѓу нив за мерката притвор што и беше одредена на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот.

Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска во извештајот направи преглед на настаните и преземените дејствија во врска со досегашните мерки за „Рекет“, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески. Претседателот на Советот Коле Штерјев откако ќе го добие известувањето треба да закаже седница, на која ќе започне постапката за разрешување на Јанева од прв човек на СЈО.

XS
SM
MD
LG